Во Радовиш се одржа велосипедско дефиле по повод „Европската недела на мобилност“
- Настанот бил организиран заради промоција на здрави и одржливи начини на транспорт и поголема свест кај граѓаните.
Радовиш, 19 септември 2025 (МИА) - Велосипедско дефиле се одржа денеска во Радовиш во рамки на одбележување на „Европската недела на мобилност“, а во организација на „Вело енерџи - Радовиш во движење“.
Како што информираа од Општината, патеката за дефилето беше низ улиците во централното градско подрачје, a учествуваа рекреативци - велосипедисти, членови на велосипедски клубови од Радовиш и ученици од основните училишта.
Настанот бил организиран заради промоција на здрави и одржливи начини на транспорт и поголема свест кај граѓаните.
Инаку, дефилето се одржа во рамки на проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ГКЦ КРЕА во партнерство со Здружението „ЦЕЛОР“ а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар. рт/бд/
Фото: Општина Радовиш