• вторник, 24 декември 2024

Во Радовиш заврши изградбата на патот кој ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица

Во Радовиш заврши изградбата на патот кој ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица

Струмица, 17 јули 2023 (МИА) - Завршија градежните работи за изградбата на локален пат-обиколница во должина од 905,66 метри во Општина Радовиш, со кој се поврзуваат сите патни правци кон планината Плачковица.

Како што информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, изградбата на обиколницата е дел од проектот „Туризмот-иднината на регионот“.

- Изградбата на овој пат, кој ќе ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица, е од особено значење за развој на селскиот и планински туризмот во овој дел од регионот, велат од Центарот за развој на овој регион.

Проектот е со вкупна вредност од 8.635.024 денари, а е финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено финансиско учество на Општина Радовиш.

Имплементатор на проектот е Центар за развој на Југоисточниот плански регион плански регион во партнерство со Општина Радовиш. рт/ир

Фото: ЦРЈПР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан