• вторник, 24 декември 2024

Во Пробиштип градежни активности на три улици

Во Пробиштип градежни активности на три улици

Пробиштип, 2 јули 2024 (МИА) - Во тек е целосна реконструкција на улицата „Тодор Александров", од спој со улицата „Никола Карев" до основното училиште „Никола Карев" во Пробиштип, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој истакна дека станува збор за улица во должина од речиси еден километар, а изведувачот има рок од шест месеци да ја целосно реконструира и ги заврши градежните работи.

-Проектот опфаќа целосна реконструкција, и тоа нов асфалтен слој, изградба на тротоари од двете страни на улицата, како и улично осветлување.За овој проект Општина Пробиштип обезбеди донација од Влада 17,4 милиони денари, додека еден милион е сопствено учество односно од општинскиот буџет, изјави Анастасов.

Посочи дека во Пробиштип се работи и на уште два инфраструктурни проекти, односно на реконструкции на две улици, на коишто деновиве почнуваат и поинтензивни градежни работи. вдј/цр

Фото: Општина Пробиштип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан