• среда, 27 ноември 2024

Во Приштина откриен споменик на косовската фудбалска легенда Фадиљ Вокри

Во Приштина откриен споменик на косовската фудбалска легенда Фадиљ Вокри

Приштина, 23 јули 2021 (МИА) – Во главниот град на Косово денеска попладне беше откриен споменикот на легендата на косовскиот и југословенскиот фудбал, поранешиот претседател на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Фадиљ Вокри, кој почина од срцев удар во 2018 година, на 58-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина.

Споменикот висок три метри, подигнат на влезот на стадионот во Приштина кој го носи неговото име, на 61-от роденден на Вокри, го открија косовскиот премиер Албин Курти, министерот за култура, млади и спорт, Хајрула Чеку, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети и претседателот на ФФК, Агим Адеми.

На церемонијата присуствуваа повеќе спортски, политички и јавни личности, како и членови на семејството на Вокри.

Како фудбалер, Вокри се прослави во 80-тите години од минатиот век, кога играше првин за ФК Приштина, а потоа за белградски Партизан, за подоцна да ја продолжи кариерата во неколку клубови во Франција. Беше успешен и како центарфор на репрезентацијата на тогашна Југославија.

По осамостојувањето на Косово беше претседател на ФФК и е најзаслужен за приемот на неговата држава во европската и во светската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА. иа/

Остани поврзан