• вторник, 24 декември 2024

Во Прилеп отворена ретка, заедничка изложба на тројца уметници од семејството Вујисиќ

Во Прилеп отворена ретка, заедничка изложба на тројца уметници од семејството Вујисиќ

Прилеп, 15 октомври 2021 (МИА) - Во ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура  денеска е отворена ликовната изложба од Мирко, Лидија и од Марко Вујисиќ. Ова е ретка можноста за заедничка изложба на тројца ликовни уметници од едно семејство.

Публиката има можност да ужива во 30-тината дела на тројцата уметници од семејството Вујисиќ, графики, пастел-цртежи и слики.

Мирко Вујисиќ создава дела, воспоставувајќи комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подсвест. Досега има 23 самостојни изложби во земјава и во странство со графики цртежи и слики и учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјава и во странство

Изложените дела од Лидија Вујисиќ се изработени во цртачката техника во пастел. Тематски го заокружува концептот од циклусот насловен како „Ние во огледала“ каде се представени галерија на ликови од професионалните дејности од сфераата на културата. Имала бројни изложби во земјава и во странство.

Најмладиот член-уметник од семејството Вујисиќ, Марко Вујисиќ, има зад себе самостојни изложби и признанија за својот зрел уметнички израз. ем/вг/

Остани поврзан