• четврток, 26 декември 2024

Во Прилеп обука на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ со Конрад Аденауер Фондацијата

Во Прилеп обука на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ со Конрад Аденауер Фондацијата
Прилеп, 6 мај 2022 (МИА) - Околу 25 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп учествуваат на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, на ВМРО-ДПМНЕ и на партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека ова е одлична можност да се види до каде сме, а градоначалниците да кажат во каква состојба ги затекнаа и ги водат општините. -Конрад Аденауер Фондацијата уште еднаш потврдува дека е партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат свои градоначалници. Овие настани претставуваат одлична можност да видиме до каде сме, да научиме нешто и од тоа што ќе научиме да можеме да го примениме и да го адаптираме на спецификите кои што ги има Македонија и општините во Македонија. Но, и да меѓу себе градоначалниците споделат дел од искуствата на овие први 5 – 6 месеци  кои што ги затекнаа во општините каде што се градоначалници, бидејќи навистина ситуацијата која што ја затекнаа во општините не беше би рекол идеална, напротив беше многу лоша. Со макотрпни напори, со надчовечки напори, со макотрпна работа истите тие градоначалници кои што ги гледате овдека во просторијата, успеаја некако да ги стабилизираат општините и повеќето да започнат со реализација на проектите кои се дел од програмата на новите градоначалниц, изјави Мицкоски. На обуката се обрати и регионалниот координатор на  Конрад Аденауер Фондацијата, Даниел Браун. ем/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан