• среда, 25 декември 2024

Во Прилеп за 400 деца се одржа традиционалниот Божикен ручек

Во Прилеп за 400 деца се одржа традиционалниот Божикен ручек

Прилеп, 7 јануари 2024 (МИА) - Под мотото „Едно небо за сите деца во светот“  во Прилеп по 18-ти пат се одржа потрадиционалниот Божиќен ручек. На заедничка трпеза седнаа околу 400 деца од сите крашта и од повеќе целни групи: деца без родители, од згрижувачки семејства, на бранителите, од социјално загрозени семејства, од домовите за згрижување и од верските заедници.

- Вредностите кои се промовираат преку овој Божиќен ручек се: еднаквоста, толеранцијата, љубовта и мирот помеѓу децата. Тоа значи децата да се почитуваат меѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранциојата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество, рече Александра Северкоска Стојаноски од невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

Владиката Петар го благослови Божикниот ручек за децата и порача дека треба да се раководиме од искреноста на децата и така да ги усогласиме постапките.

- Од децата пример да земеме како треба да живееме во слога, во љубов, во мир, во незлобивост, во чесност, во достоинство, рече владиката Петар.

Од градските власти на Прилеп децата на Божикниот ручек добија новогодишни пакетчиња и желби за безгрижно детство.

- Да се чува традицијата на овој Божикен ручек. Да биде поброен, поопфатен со повеќе дечиња, а ние им подарувме скромни новогодишни и божикни пакетчиња,рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

На денешната манифестација, невладината „Детска амбасада за сите деца во светот додели благодарници на повеќе институции. ем/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан