Во Прилеп висок процент на платени комунални сметки, но има и долгови
- И со висок процент на наплата, прилепското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација“ има побарувања од граѓаните и фирмите од 125 милиона денари кои повеќето се тужени барања.

Прилеп, 27 март 2025 (МИА) - И со висок процент на наплата, прилепското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација“ има побарувања од граѓаните и фирмите од 125 милиона денари кои повеќето се тужени барања.
Според информациите од јавното комунално претпријатие процентот на наплата за вода од граѓаните е високи 97,30, а од фирмите дури 98,03 насто.Во споредба со лани, ова е за еден до два проценти поголема наплата.
-Сепак, вкупните побарувања од граѓаните се 105 милиони денари од кои 66 милиони се тужени побарувања, а 39 милиона денари се нетужени побарувања. Вкупните, пак, побарувања од фирмите се 20 милиона денари, од кои 6 милиона денари се тужени побарувања, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп.
На корисниците им се овозможува плаќање на рати до 12 месеци, со потпишување договор.
Што се однесува до ЈКП „Комуналец“, таму процентот на наплата на сметките за комунални услуги е преку 87 насто. И таму нудат плаќање на рати од 6 до 12 месеци во зависност од висината на долгот.ем/са/
Фото: МИА