• сабота, 23 ноември 2024

Во пресрет на Курбан бајрам подигнати 130 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба

Во пресрет на Курбан бајрам подигнати 130 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) -Десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари
и Гази Баба се расчистени во текот на минатиот викенд, од екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, отстранетите диви депонии беа лоцирани на улиците Ферид Мурат - во близина на Пензионерскиот дом и Самоилова - до Скопското муфтиство, на булеварите Александар Македонски - кај населеното место Гази Баба и Никола Карев (Пластичарска улица) во општината Чаир, булеварот Македонско-косовска бригада - во општината Шуто Оризари, улицата
Бутелска - во близина на пазарот во општината Бутел и на последната автобуска постојка на автобусот 45 во општината Гази Баба.

-Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа засилени активности за чистење диви депонии, во чиишто рамки се подигнати приближно 130 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Воедно и годинава во скопските општини каде што масовно се празнува овој празник, ќе бидат поставени посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат својот органски отпад, а претпријатието ќе спроведе активности за рачно и машинско миење
на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти, истакна директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, стои во соопштението. вг/

 

Фото: ЈП Комунална хигиена - Скопје

Остани поврзан