Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип, се судрија камион и комбајн
- Од 19:45 часот вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш - Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајн.

Струмица, 26 август 2020 (МИА) - Од 19:45 часот вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш - Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајн.
Несреќата се случила во близина на Радовиш, кај селото Тополница, а според првичните информации од СВР Струмица нема загинати, а повреден е возачот на комбајнот.
Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекува сообраќајот да продолжи да се одвива по алтернативни патишта. рт/дма/