• недела, 28 јули 2024

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга - ГП „Ќафасан“

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга - ГП „Ќафасан“

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Од 17:20 чаот патниот правец Струга - ГП „Ќафасан“ е во прекин за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража. 

Поради временските услови од 16:35 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно, има забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:30 часот патниот правeц Крива Паланка, граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила. мд/свс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан