• сабота, 14 јуни 2025

Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници

Во првиот квартал со автобуси превезени  9 845 000 патници

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз во првиот квартал годинава изнесува 9 845 000 и е намален за 8,6 проценти во однос на првото тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во градскиот превоз бројот на патници е намален за 12,4 проценти, а во приградскиот за 6,3 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот за 0.8 проценти и во меѓународниот превоз, за 54,9 проценти.

Вкупниот број на патничките километри е 247 877 илјади и е зголемен за 27,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз се зголемени за 30,5 проценти, во приградскиот за 7.2 проценти, во меѓународниот за 62,6 проценти, а намалени се во меѓуградскиот превоз за 5.2 проценти.лв/вј/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан