• сабота, 06 декември 2025

Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра

Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) -  Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4 701 140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04  проценти помалку во однос на истиот период од претходната година,  а вредноста на увезената стока  2 772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе  споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со  47.3  проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена. лв/ац/

Фото: МИА архива, Принтскрин

Остани поврзан