• среда, 25 декември 2024

Во пораст бројот на баратели на социјална услуга во Кичево

Во пораст бројот на баратели на социјална услуга во Кичево
Кичево, 7 април 2022 (МИА) - Последните неколку недели бројот на баратели на социјална услуга во Кичево е во пораст. Тоа го потврдуваат бројките што деновиве ги соопштија од Општинската организација на Црвен крст Кичево. Како што потврди Ана Божиноска координатор во Црвен крст Кичево,  се очекува до средината на оваа година сите лиценцирани негуватели да бидат ангажирани ако се има во предвид се поголемиот број на поднесоци на лица кои бараат да добијат нега од лиценцирани негуватели. -Во последните неколку седмици  бројот на баратели за нега од лиценцирани негуватели порасна од 18 на 23, додека бројот на ангажирани негуватели од 10 се искачи на 13. Бидејќи интересот и понатаму е голем, очекуваме во наредните денови и недели да се изготват нови решенија и бројот на лица што ќе добијат нега од друго лице да биде и многу поголем. И понатаму најголем е интересот на стари  лица од Кичево, додека помал дел се лицата од руралните средини. Бројот на лица кои ги има секој од лиценцираните негуватели се движи од едно до три лица, истакна Божиноска, координатор на проектот за „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“. Таа појасни дека секој од овие негуватели во текот на еден ден може да биде ангажиран најмногу до четири часа, за што ќе добие и одреден паричен надомест. Носител на проектот за „Нега и грижа на стари лица во домашни услови“ е Општинската организација на Црвениот крст Кичево, а се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиски подржано од Светска банка.за/вј/

Остани поврзан