• сабота, 23 ноември 2024

Во поплави во авганистанската провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот

Во поплави во авганистанската провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот

Кабул, 19 мај 2024 (МИА) - Во поплави кои повторно ја зафатија северната авганистанска провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот, а двајца се повредени, соопшти Министерството за бегалци, цитирано од ДПА.

Уништени или оштетени се стотици куќи, близу 200 хектари земјоделско обработливо земјиште, над 100 дуќани, амбуланта. Угинаа и животни на фарма, се вели во соопштението на Министерството.

Поплавите ја влошија и така тешката хуманитарна криза во Авганистан, зголемувајќи го бројот на жртви од многуте природни катастрофи што ја погодија земјата во последниве години.

Властите во централната провинција Гор вчера соопштија за најмалку 50 смртни случаи како резултат на обилните дождови и поројните поплави кои блокираа голем број клучни патишта во областа. Слична загриженост изразија и властите во провинцијата Бадакшан, каде што надојдените води блокираа главен пат.

Претходно оваа недела, поплава ја зафати северната провинција Баглан и животот го загубија повеќе од 300 луѓе, јави ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан