• понеделник, 30 декември 2024

Во поплавите во Кина загинаа 21 човек

Во поплавите во Кина загинаа 21 човек
Пекинг, 13 август 2021 (МИА) - Во пет градови од централната кинеска провинција Хубеи во сила е црвено предупредување од невреме, откако во поплавите предизвикани од обилните дождови загинаа 21 лице, а околу 6.000 луѓе се евакуирани. Жртви има во градот Лиулин, каде се поплавени над 2.700 домови и објекти, а сообраќајот и комуникациските врски се во прекин. Спасувачките служби се распоредени во најпогодените подрачја, меѓу кои и градовитре Суизхо, Ксианџијанг и Ксиаган. - Невремето предизвикаа прекин на електричната енергија и уништи 3.600 куќи и 8.110 хектари посеви. Вкупните загуби се проценуваат на 16,67 милиони долари, објави денеска Чајна дејли. Кинеската метеоролошка управа предупреди дека обилните дождови ќе продолжат да паѓаат до следната недела и дека регионите долж реката Јангце се подложни на поплави. ми/

Остани поврзан