• понеделник, 23 декември 2024

Во Подгорица средба Ѓукановиќ - Палмер

Во Подгорица средба Ѓукановиќ - Палмер
Подгорица, 8 јули 2021 (МИА) - Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Палмер додаде дека е во интерес на САД да придонесат за стабилноста на Западен Балкан во партнерство со Европска Унија, со порака дека ЕУ е клуб на вредности, а не само клуб на интереси, што е предизвик за регионот на пат кон членство. За време на состанокот беа разменети мислења за голем број регионални и геополитички прашања. Ѓукановиќ истакна дека односите меѓу двете земји се на завидно ниво и изрази задоволство од најавите за поинтензивен ангажман на САД во регионот. ми/

Остани поврзан