• понеделник, 23 декември 2024

Во Подгорица и Будва прогласена епидемија на сипаници

Во Подгорица и Будва прогласена епидемија на сипаници

Подгорица, 26 август 2024 (МИА) - Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19.

Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии...)

Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан