• сабота, 06 декември 2025

Во Пиемонт починале 50 луѓе, во Италија денеска 712 жртви на Ковид-19

Во Пиемонт починале 50 луѓе, во Италија денеска 712 жртви на Ковид-19
Рим, 26 март 2020 (МИА) - Северниот италијански регион Пиемонт вечерва соопшти дека 50 луѓе починале од коронавирусот во последните 24 часа во регионот, податок кој бил изоставен од националната бројка што ја објави Агенцијата за цивилна заштита. Тоа значи дека во последните 24 часа во Италија починале 712, а не 662 лица како што беше официјално објавено, што сепак е зголемување од вчера кога бројот на жртви изнесуваше 683. Вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на епидемијата во Италија е 8.215, а не 8.165, како што беше соопштено. јт/

Остани поврзан