Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните
- Во Пехчево почна со работа канцеларијата на МВР за вадење лични документи. Канцеларијата ќе работи секој понеделник од 08:00 до 15:00 часот.

Пехчево, 25 октомври 2024 (МИА) - Во Пехчево почна со работа канцеларијата на МВР за вадење лични документи. Канцеларијата ќе работи секој понеделник од 08:00 до 15:00 часот.
-Во канцеларијата граѓаните ќе можат да извадат лични документи (лична карта и пасош), како и возачки дозволи. Таа е сместена во Полициската станица во Пехчево, информираа од Општина Пехчево.
Досега граѓаните на Пехчево за издавање на нови лични документи ја користеа канцеларијата во Берово.
-Со ова овозможуваме конечно да се реши проблемот со вадење нови лични или замена на изгубени документи за кои граѓаните патуваа до соседната општина, додадоа од Општината. вс/мд/
Фото: Општина Пехчево