Во Пехчево меморијален турнир во табла „Бранко Пешански"
- Првопласираниот ќе добие награда од 10 000 денари, за второто место се предвидени 5 000 денари, додека третопласираниот ќе освои 3 000 денари.
Пехчево, 1 септември 2024 (МИА) - Во Пехчево денеска се одржува Меморијалниот турнир во табла „Бранко Пешански". Покрај големиот број професионални играчи на табла, учествуваат и рекреативци.
-Меѓу натпреварувачите има и жени со долгогодишно искуство. Настанот е со натпреварувачки карактер и секоја година, традиционално, се одржува во чест на прерано починатиот Бранко Пешански, белег на градот Пехчево, велат организаторите на настанот.
Турнирот се одржува седма година по ред. Учеството чини симболични 200 денари. Првопласираниот ќе добие награда од 10 000 денари, за второто место се предвидени 5 000 денари, додека третопласираниот ќе освои 3 000 денари. вс/мч/
фото: МИА