Во Охрид хуманитарна трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани”
- Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани.

Охрид, 7 мај 2025 (МИА) – Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани.
Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се одржа во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, во соработка со општинското Јавно претпријатие „Билјанини извори”.
Долж трасата каде се трчаше беа поставени кутии во кои учесниците и сите хумани граѓани ќе можат да донираат средства. Организаторите на настанот ушатија отворен повик до граѓаните на Охрид да даруваат и на дело да ја покажат својата хуманост. aб/са/
Фото: МИА