Во Охрид министерска конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“
- Отворањето на конференцијата е предвидено за утре во 10 часот, со воведно обраќање на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков
Охрид, 11 декември 2025 (МИА) – Охрид и Република Македонија се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.
Отворањето на конференцијата е предвидено за утре во 10 часот, со воведно обраќање на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат уште и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.
На конференцијата ќе биде усвоена Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“.
Македонија го презеде претседателството со „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ минатата година за време на министерската конференција што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора. аб/са/
Фото: МИА архива