• среда, 27 ноември 2024

Во Орегон откриен „застрашувачки“ сој на Ковид-19

Во Орегон откриен „застрашувачки“ сој на Ковид-19
Вашингтон, 7 март 2021 (МИА) - Научниците од американската сојузна држава Орегон открија нов високозаразен сој на Ковид-19, што првично се појави во Велика Британија. Според нив, британскиот сој на Ковид-19 сега е помешан со локална мутирана варијанта и можно е вакцините да бидат помалку ефикасни. Американските здравствени работници досега откриле само еден случај од така нарачениот застрашувачки сој, за кој е утврдено дека настанал во локалната заедница и оти не се развил кај пациентот кај кого е откриен. - Ова сигурно не го увезовме од странство, настана спонтано, кај нас, изјави генетичарот од Орегонскиот универзитет за здравје и наука, Брајан О’Роук. Основата на новооткриениот сој е дека има иста позадина како новите соеви, но и иста мутација - Е484К (Еек), која е забележана во Јужна Африка, во Бразил и во Њујорк. Во лабораториски испитувања утврдено е дека Еек мутациијата ја намалува ефикасноста на вакцината. Британскиот сој Б117 исто така има Еек мутација, но орегонскиот сој се разви независно, посочи О’Роук. ми/

Остани поврзан