Во општините Охрид и Дебрца до 15 часот гласале 32,36 односно 43,33 отсто од граѓаните
- Гласањето на денешните локални избори и самиот изборен процес во општините Охрид и Дебрца се одвива тековно и без проблеми, во демократска атмосфера и без какви било нерегуларности, соопштија од двете Општински изборни комисии.
Охрид, 19 октомври 2025 (МИА) – Гласањето на денешните локални избори и самиот изборен процес во општините Охрид и Дебрца се одвива тековно и без проблеми, во демократска атмосфера и без какви било нерегуларности, соопштија од двете Општински изборни комисии.
До 15 часот во Охрид своето право на глас го оствариле 17 илјади лица или 32,36 отсто од вкупниот број граѓани впишани во избирачкиот список.
Во Дебрца до 15 часот гласале 1 703 лица или 43,33 отсто од граѓаните. аб/мд/
фото:МИА