• сабота, 23 ноември 2024

Во Општина Јегуновце отворена подрачна канцеларија на ЈП „Национални шуми“

Во Општина Јегуновце отворена подрачна канцеларија на ЈП „Национални шуми“

Тетово, 31 октомври 2024 (МИА) – Градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиноски и директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Здравко Трајанов отворија подрачна канцеларија во општинскиот центар. Канцеларијата е отворена во рамки на просториите на Општина Јегуновце.

- Од денеска жителите од општина Јегуновце, селата и месните заедници коишто гравитираат во општината, ќе можат побрзо да дојдат до својот потребен документ или услугата која им е потребна, а е од надлежност на ЈП „Национални шуми“. Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе се унапреди квалитетот на животот и работењето на секој еден граѓанин, истакна градоначалникот Димитар Костадиноски.

Минатиот месец во Општина Јегуновце се отвори нова канцеларија на управни служби во рамките на полициското одделение. Општина Јегуновце ја сочинуваат десет населени места со над 12.000 жители. ас/ир/

Фото: Општина Јегуновце

Остани поврзан