• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Ѓорче Петров одбележан Светскиот ден на енергетска ефикасност

Во општина Ѓорче Петров одбележан Светскиот ден на енергетска ефикасност
Скопје, 5 март 2021 (МИА) - Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска по повод Светскиот ден на енергетската ефикасност ја посети градинката „Росица“, клон „Калинка“ во Хром, која е дел од проектот за поставување фотонапонски панели и хибридни сончеви колектори, како замена за производство на електрична енергија и топла вода. Јавната набавка, како што информираа од Општината, е во тек, а следен енергетско-ефикасен проект што ќе се реализира е промената на покривот во основното училиште „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион. Претходно, во Општината беа поставени 3250 лед светилки, нов систем за загревање во спортската сала во ООУ „Тихомир Милошевски“, покрив во ООУ „Димитар Поп-Георгиев - Беровски“, како и лед светлики на сите влезови и излези во шестте училишта. бак/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан