• вторник, 24 декември 2024

Во општина Чашка поставени првите контејнери за електричен и електронски отпад

Во општина Чашка поставени првите контејнери за електричен и електронски отпад

Велес,15 август 2024 (МИА) - Општина Чашка во соработка со „Нула отпад“ на две локации, од кои едната во дворот на училиштето „Тодор Јанев“,  постави контејнери за електричен и електронски отпад, информира градоначалникот Горан Стојановски.

-Ова е можност на безбеден начин да се ослободиме од непотребната електроника на локално ниво. Општина Чашка во соработка со „Нула отпад“ придонесува во заштита на средината, потенцира Стојановски.

Најави дека во текот на овој месец ќе се постават контејнери во училишните дворови во селата Извор, Мелница, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Горно Врановци и во центарот на село Богомила, пред  Домот за пензионери и млади „Петар Поп Арсов“. ад/мд/

Фото: Општина Чашка
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан