Во Општина Чашка крстот за Водици се фрлаше во пет населени места
- Епархијата Повардарска преку свои свештеници во соработка со Општина Чашка денеска по повод празникот Богојавление -Водици организираше фрлање на крстот во води во пет населени места во општи
![Во Општина Чашка крстот за Водици се фрлаше во пет населени места](https://mia.mk/index.php/images/20221112031653_big_730x400_63.webp )
Велес, 19 јануари 2022 (МИА) - Епархијата Повардарска преку свои свештеници во соработка со Општина Чашка денеска по повод празникот Богојавление -Водици организираше фрлање на крстот во води во пет населени места во општината: во населба Чашка, Извор, Богомила, Согле и Теово.
Најсреќен во фаќањето на светиот крст во Чашка беше Славче Димитриевски, Стефан Славевски во населбата Извор, Стефан Илиевски во Богомила, Филип Димовски во Согле и Димче Костадиновски во Теово.
Верниците кои имаа среќа да го фатат крстот, од општината добија скромни подароци.ад/фф/