• среда, 25 декември 2024

Во општина Сарај утре отворени денови за услуги од социјална сфера

Во општина Сарај утре отворени денови за услуги од социјална сфера

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје и општините организираат отворени денови со граѓаните на Скопје и со приградските општини на Скопје кои користат услуги од социјална сфера.

Отворените денови ќе се реализираат до крајот на 2023 година во просториите на општините каде Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје има свои подрачни единици. Тоа се општините Бутел, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Аеродром, Центар, Шуто Оризари, Гази Баба и приградските општини Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани, Арачиново, Сопиште, Сарај и Чучер Сандево.

Стручните тимови на Центарот за социјална работа на Град Скопје утре од 10 до 14 часот ќе бидат во општина Сарај.

- Се повикуваат сите граѓани на општина Сарај кои имаат потреба од било кој вид на социјална поддршка да се обратат во општина Сарај на отворениот ден за граѓаните, се вели во соопштението.

На ваквите средби граѓаните ќе можат директно да се информираат за своите права поврзани со социјалните прашања, а ќе им бидат презентирани и социјалните услуги кои можат да ги користат според Законот за социјална заштита, Законот за детска заштита и по други законски прописи. мд/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан