• среда, 25 декември 2024

Во октомври во САД намалена стапката на невработени

Во октомври во САД намалена стапката на невработени
Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Во САД во октомври забележан е раст на вработувањето и значителен пад на стапката на невработени и покрај проблемите предизвикани од зголемувањето на бројот на заболени со Ковид-19и можното влијание на епидемијата започнатото економско заздравување. Американското Министерство за труд денеска соопшти дека бројот на работници на платните списоци во неземјоделските фирми е зголелемен за 638.000 лица во октомври и оти стапката на невработеност изнесувале 6,9 отсто. Економистите од „Дау Џонсон“ предвидуваа зголемување на работниците за 530.000 и стапка на невработеност од 7,7 проценти односно незначително помала од септември, кога изнесуваше 7,9 отсто. Со октомвриските податоци за вработување, бројот на невработени работници од мај изнесува околу 12 милиони, но непотполнети останаа уште околу 10 милиони работни места, кои беа изгубени во март и април. Најголем раст на вработување е забележан во најтешко погодените сектори за време на пандемијата – угостителството и рекреацијата, каде броојот на нови работници се зголеми за 271.000. Од тој број, во баровите и во рестораните зголемена е работнатасила за 192.000 лица. ми/

Остани поврзан