• вторник, 24 декември 2024

Во НП „Галичица“ во Охрид работилница за презентација на наследството базирано на вредности

Во НП „Галичица“ во Охрид работилница за презентација на наследството базирано на вредности

Охрид, 30 септември 2024 (МИА) – Националниот парк „Галичица“ организира работилница посветена на презентацијата на пристапот „Interpret Europe“, односно интерпретација на наследството базирано на вредности според критериумите на УНЕСКО.

На денешниот настан што ќе се одржи во Инфоцентарот на Националниот парк ќе биде презентиран односниот пристап како едукативна, комуникациска и визуелна алатка што го оживува наследството пред очите на посетителите. Притоа им овозможува на учесниците да создадат подлабока врска со локалното презентирано наследство, ги инспирира и ги потикнува на одржливост локалните заедници кои се грижат за него и конечно, со интерпретациските алатки и методи се зачувува природното и културното наследството за идните генерации, информираат организаторите.

УНЕСКО официјално го признава „Interpret Europe“ како „интерпретација на наследството базирана на вредности“ (value-based heritage interpretation). Преку посочениот пристап иницирана е и иницијативата „Learning Landscapes“, осмислена да поттикне подлабоко ангажирање со наследството преку едукативни програми кои се усогласени со целите за одржливост.

Денешната работилница е наменета за сите професионалци од областа на природното и културното наследство, индивидуалци и претставници на институции, како и организации или неформални иницијативи кои учесниците ги застапуваат, од музејски работници, професионалци од областа на туристичката индустрија и туристички водичи, преку едукатори од сите фази на формалното и неформалното образование, до еколози, вработени во националните паркови и заштитени подрачја, носители на наследство на УНЕСКО...

Настанот ќе содржи два дела. Во првиот дел преку презентација ќе биде објаснето што се подразбира под интерпретација на наследството базирано на вредности, а вториот дел ќе биде отворен за дискусија и одговарање на прашања на сите заинтересирани. Мастеркласот ќе го води Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС, сертифициран тренер по интерпретација на наследството од страна на „Interpret Europe“ и УНЕСКО и креатор на едукативните програми „Storytelling Skopje“ и „Storytelling Macedonia“. аб/дма/

Фото: Плакат 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан