• вторник, 24 декември 2024

Во Норвешка е уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот

Во Норвешка е уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот

Осло, 4 април 2024 (МИА) - Норвешката полиција го уапси ирачкиот активист и организатор на собири за палење примерок од Куранот, Салван Момика и ќе го депортира во Шведска.

„Депортирањето ќе биде извршено веднаш штом ќе се создадат формални и практични услови“, се наведува во пресудата на Окружниот суд во Осло.

Се забележува дека Момика е уапсен на 28 март, откако за шведските медиуми изјавил дека отишол во Норвешка да побара азил, бидејќи „Шведска не го почитува“, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан