• среда, 27 ноември 2024

Во Ниш продолжуваат состаноците на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамки на Отворен Балкан

Во Ниш продолжуваат состаноците на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамки на Отворен Балкан
Белград, 13 ноември 2021 (МИА) - Денеска во Ниш продолжуваме сo работните средби со колегите од владите на Северна Македонија и Албанија, за да можеме да направиме конкретни договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со цел посилно поврзување, олеснување на протокот на стоки, услуги и луѓe, како и да ги отстраниме сите пречки кои не спречуваат да се развиваме и напредуваме, изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали на Инстаграм профилот, јави дописникот на МИА од Белград. Вчера во Ниш, започна дводневната средба на повеќе од 160 претставници на влади, државна администрација, институции и стопански комори на Србија, Албанија и Северна Македонија, која ја преставува заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кои, во следните два дена ќе разговараат како да се реализира иницијативата „Отворен Балкан“, односно како да се отстранат бариерите за бизнисот и граѓаните. - Сите имаме иста цел, да ја зголемиме економската соработка, не само меѓу нашите три земји, туку и сите земји од регионот. Како министер за финансии можам да зборувам за детали за економскиот раст, стапките на раст, подобрувањата во економијата, но сите знаеме која е нашата цел како политичари, а тоа е луѓето во нашиот регион да имаат подобар живот, да го подобрат бизнисот, да заработат повеќе пари и тука да ги остварат своите соништа, изјави Мали на отворањето на состанокот на министрите и претставниците на владите на сите три земји, соопштија од српското министерство за финасии. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Северна Македонија, Трајан Димковски, вчера истакна дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ нема да биде лесна, и дека сите три влади заедно ќе се борат за таа да успее. - Ќе разговараме за тоа како ќе ја спроведеме иницијативата, како да го зголемиме производството и трговијата меѓу нашите три земји, како да ги намалиме бирократските процедури, ќе разговараме додека не дојдат до нула сите бариери, изјави Димковски. Тој изрази надеж дека иницијативата ќе донесе подобра иднина за економиите на трите земји и дека идејата ќе доведе до некои нови идеи. об/мс/

Остани поврзан