• вторник, 24 декември 2024

Во Нигер убиени 75 екстремисти на Боко Харам

Во Нигер убиени 75 екстремисти на Боко Харам
Ниаемеј, 13 мај 2020 (МИА) - Силите на Нигер и сојузниците од околните земји убиле 75 припадници на екстремистичката група Боко Харам во акција организирана на почетокот од оваа недела, објави денеска Министерството за одбрана на Нигер. Акцијата била спроведена на тромоѓето меѓу Нигер, Нигерија и Чад, а по серијата напади на таа исламистичка група врз воените позиции во близина на пограничниот град Дифа во Нигер. Во акцијата било конфискувано оружје, а уништена е и логистичка база на Боко Харам. Екстремистичката група Боко Харам од 2009 година често напаѓа позиции во Чад, Нигер и Камерун, и поради нивното насилство околу 23.000 Нигеријци емигрираа во Нигер. јт/

Остани поврзан