• вторник, 19 ноември 2024

Во Нигерија киднапирани најмалку 60 луѓе

Во Нигерија киднапирани најмалку 60 луѓе

Абуџа, 17 јули 2021 (МИА) - Вооружени напаѓачи денеска киднапираа најмалку 60 луѓе во северозападниот дел на Нигерија.

Напаѓачите синоќа на мопеди влегле во пет села во нигериската држава Замфара и почнале да пукаат во воздух, предизвикувајќи паника и киднапирале најмалку 60 цивили.

Во Нигерија зголемени се вооружените грабежи и киднапирања за откуп, главно во северозападните области, каде обезбедување честопати не успева да ги спречи нападите на киднаперите. ми/

Остани поврзан