• понеделник, 23 декември 2024

Во Неготино поставена првата од предвидените 10 мерни станици за „смарт земјоделство“

Во Неготино поставена првата од предвидените 10 мерни станици за „смарт земјоделство“
Неготино, 3 октомври 2022 (МИА) - На територијата на општина Неготино денеска започна поставувањето на 10 мерни станици со кои ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, односно на лозаро-овоштарските насади.
-Со поставувањето на овие мерни станици се овозможува електронски мониторинг, истите ќе даваат информации за влажноста на воздухот, сончевите денови во годината, количеството врнежи, степенот на температурни осцилации и други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Тој соопшти дека  мерните станици ќе овозможат и да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, што ќе придонесе за намалување на трошоците за третирање со пестициди, зголемен принос на производство и негов значително подобар квалитет.
- Проектот го реализираме во соработка со Бирото за регионален развој, вкупната вредност е 10 милиони денари од кои девет обезбедува Бирото, а општина Неготино учествува во проектот преку ко-финансирање со средства од 250.000 денари од буџетот на општината, соопшти Стојанов. свд/дма/

Остани поврзан