Во Неготино доделени 38 ваучери на родители кои во изминатиот квартал имале новороденчиња
- На сите присутни им ги честитав приновите, а на бебињата им посакав добро здравје и среќа во животот. Со денешниот настан го заокружуваме доделувањето ваучери за тековната година, а со иста динамика продолжуваме и во 2026 година, додаде градоначалничката.
Неготино, 12 декември 2025 (МИА) - Во салата за состаноци на Општина Неготино, денеска доделив 38 ваучери со вредност од 7.000 денари на родители кои во изминатиот квартал имале новороденчиња и го прошириле своето семејство, информираше градоначалничката Марија Нацева на нејзината „Фејсбук“-страница.
За таа цел, како што појасни Нацева, од буџетот на општина Неготино биле издвоени средства од 266.000 денари како еднократна поддршка за семејствата со новороденчиња.
- На сите присутни им ги честитав приновите, а на бебињата им посакав добро здравје и среќа во животот. Со денешниот настан го заокружуваме доделувањето ваучери за тековната година, а со иста динамика продолжуваме и во 2026 година, додаде градоначалничката. свд/бд/
Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалничката Марија Нацева