• среда, 27 ноември 2024

Во Мјанмар уништена запленета дрога вредна 839 милиони долари

Во Мјанмар уништена запленета дрога вредна 839 милиони долари
Јангон, 26 јуни 2020 (МИА) - Властите во Мјанмар денеска,  по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари. Таа земја одамна е главен извор на нелегално производство и шверц на дрога. Само во главниот град, Јангон, во спектакуларен оган е запалена голема количина дрога во вредност од 144 милиони долари: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како „ајс“ или „кристална мета“. Различни видови дрога од десетина тони е запалена и во другите градови на Мјанмар. Владата и Службата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) соопштија дека во мај има рекордна заплена на дрога - 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња. паг/

Остани поврзан