• недела, 28 јули 2024

Во Музеј на Неготино изложени копаничарски дела од членови на Здружението „Стари занаети" 

Во Музеј на Неготино изложени копаничарски дела од членови на Здружението „Стари занаети

Неготино, 15 февруари 2024 (МИА) - Копаничарски дела од членови на здружението „Стари занаети" по 19-ти пат се изложени во изложбениот салон на Музеј на град Неготино, во рамки на Неделата на виното, што традиционално секоја година ја организира неготинската локална самоуправа. Изложени се 33 дрвени резби со различни мотиви. Изложбата ќе биде отворена за посетители во наредните четиринаесетина дена. 

-Воедно, оваа година од Здружението го прославуваат и 20-годишниот јубилеј од основањето во 2004 година, кога и почнуваат традиционално со своите изложби во Музеј на град Неготино. Изложбите се реализираат секоја година, освен во 2021 година, кога заради пандемијата се направи пауза, не се одржа изложбата, појасни Драгица Чекорова, кустос советник во Музејот. 

Освен делата, изложени се и 30 фотографии на кои се претставени дејностите, настаните, прославите од основањето на Здружението до денеска. 

-Творештвото на копаничарите од ЗЗН „Стари занаети" од Неготино е во нивното настојување, традиционалната уметничка обработка на дрво да добие нова функција во современиот живот, која овозможува поврзување на традицијата и непрекинат континуитет во развојот воопшто на македонската резба, нагласи Чекорова. свд/фф/

Фото: Музеј на град Неготино 

Остани поврзан