• понеделник, 23 декември 2024

Во Музеј галерија Кавадарци отворена изложбата ,,Поезија и уметност"

Во Музеј галерија Кавадарци отворена изложбата ,,Поезија и уметност

Кавадарци, 17 ноември 2023 (МИА) - „Поезија и уметност", е насловена изложбата што вечерва беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци, поддржана од Министерството за култура. Автори на изложбата се кавадарчаните Сара Милевска и Микица Илова. Станува збор за одредени парчиња на костими, на кои се рачно извезени стихови од македонската народна поезија. 

Милевска е родена 1994 година, има завршено средно образование за дизајн на текстил и облека и дипломирано на Факултетот за современи уметности во Белград, на одделот за дизајн на сценски и современи костими. Костимографка е на перформансот со живи статуи насловен „Ноќ во музејот", што имаше бројни претстави во земјава и Србија. Како млада дизајнерка има учествувано на бројни модни ревии, а работи и на свој бренд. Учесник е на бројни изложби. Автор е и на перформансот „Моќта на текстилниот отпад". 

Илова е родена 1981 година. Дипломирала педагошки науки, предучилишно образование. Магистер е по театарска режија. Работи како театарски педагог и режисер во јавната општинска установа „Иван Мазов - Климе". Автор е на многубројни текстови за деца и младинци. Има објавено неколку книги стручна литература за воспитувачи и родители. свд/вг/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан