• вторник, 24 декември 2024

Во Монголија се одржуваат парламентарни избори, граѓаните незадоволни од корупцијата и инфлацијата

Во Монголија се одржуваат парламентарни избори, граѓаните незадоволни од корупцијата и инфлацијата

Улан Батор, 28 јуни 2024 (МИА) - Гласачите во Монголија, земја со релативно кратка демократска традиција, денеска излегуваат на парламентарни избори.

Граѓаните на таа земја денеска гласаат за новиот состав на парламентот, Големиот државен хурал, кој во проширениот состав брои вкупно 126 пратенички места, 50 повеќе од изборите во 2020 година. Монголската народна партија (МНП) убедливо победи на тие избори, но според аналитичарите, другите партии би можеле да го искористат незадоволството на гласачите и да го загрозат мнозинското владеење на таа партија.

Околу 3,4 милиони граѓани на Монголија имаат право на глас на овие избори, кои се одржуваат во атмосфера на изразено незадоволство поради високата инфлација и распространетата корупција во монголското општество.

Монголија географски се наоѓа меѓу Русија и Кина и стана демократска држава дури во 1990 година, ставајќи крај на повеќе од шестдецениското комунистичко владеење. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан