• вторник, 26 ноември 2024

Во Монголија потврдени два случаи на чума

Во Монголија потврдени два случаи на чума
Уланбатор, 2 јули 2020 (МИА) - Во западниот дел на Монголија во изминатите 24 часа регистрирани се два случаи на чума. Болеста се појавила во провинцијата Ховд, а еден од пациентите има белодробна форма на болеста и е во тешка здравствена состојба. Поради појавата на чума воведен е карантин во провинцијата. Локалната епидемиолошка епидемиолошка служба почна да испитува други случаи на чума. Во април 2019 година брачна двојка почина од чума во западната монголска провинција Бајан-Улги откако јадеше сурово месо од мрмот. Чумата е бактериско заболување, што го пренесуваат болвите, кои живеат на глодарите, како што се мрмотите. Според Светска здравствена организација болеста може да убие возрасно лице за помалку од 24 часа, ако не се лекува навреме. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан