• четврток, 26 декември 2024

Во Мексико, државните службеници веќе не смеат да се гушкаат и бакнуваат

Во Мексико, државните службеници веќе не смеат да се гушкаат и бакнуваат
Мексико Сити, 10 февруари 2022 (МИА) - Вработените во државните служби во Мексико отсега ќе треба да избегнуваат бакнување, гушкање и комплименти за физичкиот изглед како дел од новиот етички кодекс насочен кон борба против сексуалното вознемирување. Новите прописи, објавени и во Службениот весник, ги повикува државните службеници да „избегнуваат однесување со физички контакт, сугестивна или сексуална по природа, како што се допирање, гушкање и бакнување“. Текстот, кој стапува во сила денеска, исто така повикува да се избегнуваат „коментари, задевања, комплименти или шеги со сексуална конотација кон друга личност кога станува збор за нивниот физички изглед“. Речиси една недела пред Денот на вљубените, којшто се слави на 15 февруари, се бара „подароци кои укажуваат на сексуален интерес“ да не се даваат на друго лице. Прекршителите на новиот етички кодекс ќе бидат казнети во согласност со мексиканските закони за одговорност во јавните служби. Новите прописи доаѓаат во време кога феминистичките движења и низ Латинска Америка се мобилизираат против сексуалното вознемирување и насилството врз жените.  си/

Остани поврзан