• недела, 28 јули 2024

Во Македонска Каменица започнаа активности за осветлување на кејот на Каменичка Река

Во Македонска Каменица започнаа активности за осветлување на кејот на Каменичка Река
Македонска Каменица, 14 јуни 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица започнаа активности за осветлување на кејот на Каменичка Река. Од општината посочија дека се работи за крупен проект чија реализација треба да заврши пред почетокот на есента. -Започнаа земјени работи за изградба на осветлување на кејот на река Каменичка. Ова е еден од неколкуте големи проекти на кои ќе работиме во овој период и очекувањата се дека активностите ќе бидат комплетно завршени до крајот на август, информираа од Општината. Паралелно, како што додадоа, продолжуваат активностите за поставување водоводна и канализациска мрежа во централното градско подрачје. -Поставуваме водоводна и канализациска мрежа на улицата „Новопроектирана“. До крајот на овој месец жителите од овој нов дел од Македонска Каменица ќе бидат вклучени на новата мрежа, додадоа од Општина Македонска Каменица. Со поставување на водоводна и канализациска мрежа во централното градско подрачје како што најавија ќе се продолжи и во наредниот период. вс/вј/

Остани поврзан