Во Македонска Каменица доделени вредносни ваучери на лица со посебни потреби
- Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска по повод 3. Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, организираше прием за претставници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ од Македонска Каменица.
Македонска Каменица, 3 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска по повод 3. Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, организираше прием за претставници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ од Македонска Каменица.
Во рамки на приемот со претседателката и членови претставници од Центарот беа разменети мислења, идеи и искуства кои ќе придонесат за унапредување на правата и условите за живот на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица.
- Приемот е во чест на нашите сограѓани кои со својата упорност, истрајност и сила се вистинска инспирација за сите нас. Македонска Каменица се стреми да биде средина каде секој граѓанин ќе се чувствува прифатено, поддржано и рамноправно. Особено сме горди што Општина Македонска Каменица, покрај изградбата на Дневниот центар како модерен и современ објект, обезбеди и специјализирано превозно средство за потребите на центарот, со што дополнително се подобрува пристапноста и квалитетот на услугите, истакна Атанасовски.
Прилика ја искористи да истакне дека Општина Македонска Каменица и понатаму ќе вложува напори во создавање на инклузивна заедница.
- Создавањето на таква заедница е преку проекти за пристапност, образование, здравствена заштита и вработување на лицата со посебни потреби. Благодарност до сите организации, институции и поединци кои со својата работа и поддршка се залагаат за подобрување на квалитетот на живот на овие наши сограѓани. Наша заедничка обврска е да изградиме свет кој ги прифаќа различностите и ја вреднува секоја индивидуалност, додаде Атанасовски.
Каменичкиот градоначалник во рамки на денешната посета на лицата со посебни потреби им врачи вредносни ваучери, како дополнителна поддршка од Општина Македонска Каменица за нивните секојдневни потреби и активности. вс/цр
Фото: Општина Македонска Каменица