• среда, 25 декември 2024

Во Лондон спречен протест против мерките за справување со новиот коронавирус

Во Лондон спречен протест против мерките за справување со новиот коронавирус
Лондон, 10 мај 2020 (МИА) - Полицијата во Лондон синоќа спречи помал протест пред британскиот Парламент во Вестминстер против мерките воведени за справување со новиот коронавирус. Како што јавуваат британските медиуми, група од околу 50 граѓани протестирале против мерките, а дел од нив  и против мрежата 5Г, потенцирајќи дека тие се луѓе кои сè уште имаат некои права. Полицијата побарала од нив да заминат со предупредување дека се забранети собири, по што казниле и уапсиле неколку демонстранти. паг/

Остани поврзан