• четврток, 26 декември 2024

Во Лондон протести против Модната недела

Во Лондон протести против Модната недела
Лондон, 16 февруари 2020 (МИА) - Десетици демонстранти кои се залагаат за борба против климатските промени, вчера испукаа димни факели и го блокираа сообраќајот во центарот на Лондон, барајќи да се откаже Модната недела во градот. Активисти на „Бунтот против изумирање“ го разлутија возачите бидејќи блокираа сообраќајните крстосници во близина на локацијата каде до вторник се одржува Модната недела во Лондон. Некои демонстранти носеа гас маски и фустани изработени од ланци, додека други носеа транспаренти со натпис „Нема мода на мртва планета“. Тие го повикаа Британскиот моден совет да преземе повеќе активности во лобирањето за политиката за заштита на животната средина. Организаторите на Лондонската модна недела соопштија дека сакаат да помогнат во промовирање на одржливост и развој на позитивна промена во модната индустрија. јт/

Остани поврзан