Во Липково и Куманово изречени 58 казни за брзо возење
- Во денешната акциска контрола на СВР Куманово санкционирани се 58 возачи од подрачјето на општините Куманово и Липково, кои возеле со поголема брзина од дозволената, информираше полицијата.

Куманово, 21 февруари 2021 (МИА) - Во денешната акциска контрола на СВР Куманово се санкционирани 58 возачи од подрачјето на општините Куманово и Липково, кои возеле со поголема брзина од дозволената, информираше полицијата.
Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени осум возила поради други прекршоци и 92 поради неносење маски.
Во вчерашната акција во овие две општини поради брзо возење беа казнети 62 возачи. ам/оџ/