• среда, 25 декември 2024

Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот - тешка е 86,4 килограми

Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот - тешка е 86,4 килограми

Лесковац, 30 авгyст 2024 (МИА) - На 34-от фестивал на скарата „Роштилијада“ во Лесковац, Србија, е направена плескавица тешка 86,4 килограми месо на скара. Тоа е нов рекорд за најголема плескавица во светот, а последнава „закуска“ е шест килограми потешка од ланскиот рекорд, исто така поставен на овој настан.

Дијаметарот на плескавицата по печењето беше 210 сантиметри, а дебелината два сантиметри.

Мајстори за најголема плескавица беа Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ, Стефан и Бојан Цветковиќ од лесковачките ресторани „Два пријатели“ и „Колиба“. Тие по осми пат поставуваат нов рекорд на скараџискиот фестивал.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан